Кој е „ЗА“ а кој „ПРОТИВ“ Законот за минимална плата

Македонија

Од кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, потврдуваат дека денеска го примиле Законот за минимална плата од Владата и додаден е  дополнително на дневниот ред за утрешната 62 седница која веќе е свикана.

Претходно со соопштение се огласи Сојузот на синдикатите во кое вели дека очекува пратениците едногласно да го донесат законот со кој минималната плата во државата се зголемува на 18.000 денари и сметаат дека е постигната нивната цел законот да се донесе и без да се одржи најавениот собир за поддршка на пратениците пред Собранието.

„Имајќи предвид дека сите политички партии и пратеници веќе се изјаснија дека ќе го гласаат законот, нашите очекувања се дека пратениците едногласно ќе го донесат законот со кој ќе се зголеми минималната плата што ќе влијае и на зголемување на останатите плати во државата. ССМ побара од претседателот на Собранието Талат Џафери согласно неговите надлежности, да овозможи претставници на ССМ (членовите на Економско – социјалниот совет) да имаат можност да ја следат седницата во Парламентот“, соопштија  од ССМ.