
Еве на која партија не и одговара ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА
Претседателот на ДС, Павле Трајанов формирањето на работни групи за промена на изборниот модел го толкува како бегство на СДСМ од ветувањето за една изборна единица. Според него, СДСМ е неконзистентен во ставот и како што вели, едновремено додека екс премиерот Зоран Заев јавно го поддржал предлогот за една изборна единица, Владата со потпис на првиот вицепремиер Артан Груби испратила негативно мислење за предлог законот.
– При преговорите за новата Влада, Заев рече дека ќе разговара со Ахмети да го убеди дека е подобро Македонија да биде една изборна единица. Ковачевски рече дека ќе оди нашиот предлог, а сега повикува на широк консензус.
Сега со најавата за работни групи јасно е дека СДСМ го блокира законот. Едно велеа кога им требавме за формирање на новата Влада, друго сега. Очекувам деблокада на законот во Собранието и Комисијата за политички систем да свика седница за законот. Нема ни законска, ни деловничка можност да го држат законот во фиока.
Иако испративме писмо до Џафери да почне расправата за законот, се` уште немаме никаков одговор.
Барав средба и со Ахмети, но ни тој не одговори. Три месеци е оптимално време да се донесе промената на изборниот модел. Тие ако сакаат нека си формираат работни групи – вели Трајанов.