БОГОЈЕСКИ: Во Македонија нема македонски Бугари

Изјави

Пренесуваме цитат од Богојески за намерата да се внесуваат македонски Бугари во Уставот на Македонија.

„Во Македонија нема македонски Бугари. Тоа е историски термин за дел од популацијата во Македонија во минатото, во еден друг поинаков историски контекст.

Денес постојат Бугарски Македонци во Македонија. Тие се граѓански Македонци, нераскинлив дел од македонската нација, а како такви се одамна дел од Уставите и на ДРМ и на НРМ и на СРМ и на РМ и сега на РСМ! Нема што да се додава во таа смисла во македонскиот Устав.

Бугарските Македонци се наполно исто што и останатите Македонци, само што за свое потекло или семејно наследство го прифатиле бугаризмот како културолошки идентитет, присутен во Македонија низ историјата во различни форми и димензии на влијание.

Дали Уставот на Македонија треба да се менува? ДА! Да се граѓанизира, да се тргнат сите етноси од него, за да стане држава на сите граѓани, без исклучок!“, смета Богојески