МКонцепт се поклони пред Гоце Делчев

Македонија

Денес се одбележаа 150 години од раѓањето на великанот на македонската револуционерна борба, Георги Гоце Делчев.

Помеѓу другите и претставници од Националниот Тим на Македонски Концепт оддадоа почит пред вечното почивалиште на Војводата Делчев, во Црквата Св.Спас во Скопје.

Делегација во состав Петар Богојески, Национален Тим лидер и Тим лидерите за Социјални политки и човечки ресурси и Правда и законодавство, Владо Бангиевски и Илија Илијовски, положи свежо цвеќе.

Предходно Богојески на социјалните мрежи по повод јубилејниот роденден на Делчев, објави:

„МАЧЕНИК НА НАЦИЈАТА

Преголем си Војводо да те коментираме… само ќе кажам, честит 150ти роденден!“