
Најсиромашните на Титаник ПОДОБРО ХРАНЕТИ од денешните Македонци
Од досегашните статистики за потонатиот Титаник може да се утврдат класните разлики на патниците на кои и можностите за преживување им зависеле од слојот на кој припаѓаат. Од вкупно 2 223 луѓе на „Титаник“, само 706 ја преживеале катастрофата а 1 517 исчезнале. Интерсен е моментот за анализа на различните мениа за храната која се служела на патниците во зависност од класата на која припаѓаат и за која го купиле својот билет.
Многу вообичаено е да се разликува понудата во зависност од вредноста на билетот, тоа и не е тема. Билетите за прва класа чинеле повеќе од останатите две класи и гостите соодветно биле послужувани и угостувани. Интересно е тоа што менито од третата – најниската класа на бродот е сочинето од храна која може да си ја дозволи едно просечно македонско семејство денес.
Поголемиот дел од жртвите починале од хипотермија во водата со -2 степени целзиусови. Со оваа температура на водата, може да се очекува смрт за помалку од 15 минути. Луѓе и членови на втората и третата класа многу тешко би преживеале. Од мажите во втората класа, 92% исчезнале, додека помалку од половина од третата класа патници преживеале. 6 од 7-те деца од првата класа преживеале.
Сите од децата во втората класа преживеале, каде само 34 % биле спасени од третата класа. 4 жени од прва класа умреле, 86% од жените од втора класа преживеале и нешто помалку од половина од третата класа преживеале. Севкупно, околу 20% од мажите преживеале, во споредба со 75% од жените. Мажите со прва класа имале четири пати поголема можност за да преживеат како мажи од втора класа и двапати како патници од трета класа. Од мажите патници исчезнале 92%. Помалку од половина од патниците од трета класа преживеале.