БОГОЈЕСКИ: Оставете го Гоце Делчев на раат!

Изјави

Петар Богојески реагираше на најавеното прогласување на Гоце Делчев за заедничка личност од македонската и бугарската историја, без согласност на историската комисија.

„Гоце ЗАЕДНИЧКИОТ Војвода?!?

Лично сметам, не мора да се согласите, дека треба да се воздржуваме од вакви настани… до моментот додека не се договориме за „клучот“ по кој ќе ги решаваме преродбениците, револуционерите и Организацијата!

Пребрзано беше заедничкото чествување на Светите браќа Кирил и Методиј во Рим, кои немаат ништо заедничко со Бугарија и бугаризмот.

Оставете го Гоце Делчев на раат, нека почива во мир! Во оној момент кога ќе имаме решение, тогаш пробудете го духот на Делчев Војвода.

Нашиот народ кажал, брза кучка слепи кучиња раѓа. Е ова што го правите е токму тоа. Сето ова е дел од она кое е погрешно договорено и ќе ја одведе Македонија во лош правец!

Јас мислам дека преговорите треба веднаш да ги средиме и за се да се договориме. Но пред тоа да го направиме, вакви екскурзии не ни требаат!

Имајте грам одговорност и чувство за овој напатен македонски народ. Срамота е! Ги доотепавте луѓево, веќе не им се зборува за ништо. Го „грогиравте“ народот, луѓето како зомби се шетаат по улици, не знаат ниту каде кинисале, ниту кој кинисал. Срамота е!

Мое беше да Ви кажам, а Вие си знаете, се зборовите на Богојески.