
КОНЕЧНО: РАДЕВ се поклони пред жртвите на комунизмот, без државен протокол
Бугарскиот претседател Румен Радев конечно се поклони пред жртвите од комунизмот во Бугарија во 6тата година од неговиот мандат. До сега истото одбиваше да го направи поради неговото прокомунистичко определување, односно огромната поддршка која ја има од бугарските социјалисти и русофили.
Тој чин го направи сам и без членови на Кабинетот или припадници на Бугарската армија или без официјален државен протокол.
Сега уште да се поклони пред жртвите на „фашизмот“ во Македонија, Радев ќе покаже дека е борец за помирување на минатото со иднината на Балканот.