
МИЦКОСКИ не треба да моли средба со Таче, туку обратно
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека досега не разговарал со премиерот Димитар Ковачевски и додаде дека се уште очекува покана од него за средба. Поточно Мицкоски моли за средба со Таче, веројатно од причина да остави некој „добар впечаток“ на прагматичен политичар, несвесен дека се самопонижува и паѓа во очите на гласачите.
Мицкоски се правда, и самиот не знае пред кого, дека не ја условил таа средба туку само кажал што очекува, односно, како што рече, дека меѓу другото ќе разговараат и за предвремени парламенатарни избори. Согласно ова, ако на Таче му се присака, може и да не разговараат за тоа, туку може за ланскиот снег на пример.
Според него, има десетици причини за предвремени парламенатрни избори, како резултатите на последните локални избори, повеќе од две третини од граѓаните се за тоа дека треба нова влада бидејќи оваа Влада ја води Македонија во погрешна насока, и многу други, но ќе го почекаме Таче да разберел каде е, додека Македонија тоне по сите основи.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ информира дека веќе е подготвен како млада невеста за мажење, и дека од понеделник во Собрание ќе поднесат закон за измени на Законот за Влада за укинување на техничката влада, а за предвремени избори нуди договор за една изборна единица.
Не, лидерот на опозицијата во вакви вонредни околности нема што да моли или да биде подготвен, туку треба да дејствува и да ја симне владата по брза постапка, а Таче може уште да не знае каде е!