ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА!

Хроника

Вечерва во близина на Сити мол во Скопје се случи страшна сообраќајна несреќа во која животот го загуби 24 годишна девојка од Радовиш.

Во несреќата повредено беше и момче, исто така од Радовиш кој веднаш беше пренесен во ГОБ 8-ми Септември.

„На 20.01.2022 год. во 19.44 час. пријавено е дека на ул.Московска со бул.Партизански одреди се случила сообраќајна незгода во која ПМВ Цитроен управувано од Ј. Ѓ. (1999) од Скопје удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш кој е повреден и пренесен во ГОБ 8-ми Септември и В.Н.1997 од Радовиш, која починала на лице место“, велат од МВР.