KOCOВО Cпециjaлците вo aкциja вo cpпcкиoт дeл

Балкан

Огромен број на припадници на косовската специјална единица, кои го подигнаа нивото на борбена готовност на највисоко ниво, се упатија во правец на Јужна Митровица, јави „Кљан Косова“, наведувајќи дека специјалната единица во недела ќе биде во готовност поради референдумот во Србија.

„Подготвени сме за секаква интервенција. Ние сме на готовност 24 часа“, изјави неименуван извор за приштинскиот портал.
Се претпоставува дека специјалната единица ќе биде присутна во сите општини со мнозинско српско население на Косово, а порталот објави и видео на кое се гледаат оклопните возила на таа единица на автопатот Приштина-Феризај.

Премиерот Албин Курти предходно изјави дека на Косово нема да се дозволи организиирање на српски референдум, за внатрешни прашања на Србија. Дали утре со полициска интервенција ќе биде спречено организирање на референдум и на косовска територија, останува да видиме.