Во овој локал КОЈ ЌЕ КАЖЕ КОВИД МОРА ДА ДОНИРА 2 ЕВРА

Живот, Забава

Еден бар во Ирска одлучил да им наплаќа на своите гости за секое спомнување на ковид и пандемијата.

На шанкот ставиле чаша во која секој што ќе го спомне зборот „ковид“ мора да стави по две евра. Се започнало како шега, но на крајот се претворило во добро дело.

Менаџерот на Alt Bar Кристофер Мур изјави дека веќе се собрани 280 евра и дека целиот приход ќе оди во локалниот дом за палијативна нега во Донегал.

„Бидејќи ги служиме гостите на маса, се вклучуваме во сечиј разговор и знаеме за што зборуваат сите. Без разлика за што и да почнат да зборуваат, тие би се вратиле на вирусот. Сакавме да ја промениме атмосферата и да ги охрабриме луѓето да зборуваат за вообичаените работи како на времето“, изјави Мур.