ПAHOBСКИ: Oдложете почеток, вo школo без маски

Изјави

Микробиологот и професор д-р Никола Пановски искажа неколку порадикални предлози за тоа како државата да се справи со новиот бран зараза од вирусот, кој зафати поголем дел од младата популација во земјава, но за среќа, се покажува дека децата поминуваат со полесни симптом. Зимскиот распуст на учениците треба да се продолжи за две недели, а потоа децата да тргнат на училиште без маски, дециден е д-р Никола Пановски.

Тој се залага за укинување на сертификатите кои кај нас па и насекаде во светот служат како пропусница за вакцинираните за престој во затворени простори и настани кои им се забранети на лицата кои не примиле две вакцини или пак немаат валиден  тест дека немаат вирус во моментот.

Ние треба да бидеме први во светот што ќе ги повлечеме сертификатите кои се голема глупост, немаат никаков ефект и никако медицинско оправдување. Ако не можеме да помогнеме со рестриктивни мерки, тогаш треба да направиме олеснителни мерки. Тргнете ги сертификатите, нагласи д-р Пановски.

Тој реагира на тоа што досега државата немаше јасна стратегија како да се справи со пандемијата, па надлежните институции носеле низа штетни небулозни мерки и потсети на нив:

Не бидува после свадба тапани. Затоа, како што досега функционираше Комисијата за заразни болести, така нека продолжи и во иднина. Оти, во спротивно, ќе направи штета преку носење небулозни мерки како што беше носењето маска на отворено. Добро би било ако сега можат да го скратат периодот на изолација, препорачува д-р Пановски покрај мерката за повлекување на ковид-сертификатите.