ДИМИTPOB: Oваа Bладa е пpeдавничкa бeз мeнe

Изјави

Скандалозната прес конференција на Никола Димитров отвори повеќе дилеми, за кои може да се истакнат низа новинарски анализи. Но ако се сумираат сите изјави дадени од негова страна, особено одговори на новинарските прашања, едно може да биде генерален заклучок, а тоа е дека оваа Влада е предавничка!

„Демантирам дека самиот сум се повлекол, тоа не е точно бидејќи јас не сум човек што се повлекува од битки, сметам дека позициите што ги застапувам во процесот на преговори со Бугарија се битни и важно е да се одржат. Заедно со фатктот дека за моите позиции немаше простор во новата Влада не ме изненади понудата да бидам амбасадор во Вашингтон. Тоа не само што ќе ме тргнеше од дома туку ќе ми го врзеше зборот. Токму овој обид да ме тргнат од дома го прави мојот обид да останам уште поголем. Јас ветувам дека ќе продолжам да се борам против било кое лошо решение, а ќе поддржам европско и добро решение“ истакна Димитров.

Остана нејасно, дали ако тој останеше дел од Владата, па макар како мизерно министерче без ресорче, Владата ќе беше предавничка или патриотска? Извесно е само дека оваа Влада е предавничка без него во истата.