
BAXAБИCTИЧКАТА џамиja ќе cе ypива од Oпштинa Кapпош
Во врска со нелегалното градење верски објект во населбата Злокуќани, од општина Карпош информираат дека во саботата инспекциската служба на Општина Карпош излегла на терен.
-Во моментот кога е извршена контролата не се вршени градежни дејствија. Инспекторатот одреди 15 дена рок за доброволно отстранување на нелегалниот објект и ги повика одговорните лица на средба во општината денеска во 9.30 часот, но истите до сега не се дојдени. Во случај да не биде доброволно отстранет објектот во предвидениот рок, случајот ќе биде пријавен и во државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, велат од локалната самоуправа на Карпош.
Џамијата која се гради во населбата, нема дозвола за градба, а нема ни благослов за изградба од ИВЗ. Според наши инфомрации, се работи за џамија која не го следи традиционалното учење на Исламот, туку проповеда вахабизам.
Пред неколку дена почна изградба и на 15-метарско минаре.