КОЛУМБИЈА заплени цел тон кокаин за Македонија

Хроника

Колумбиската управа за борба против наркотици при рутинска проверка во пристаништето Буенавентура открила контејнер во кој имало еден тон кокаин, при што товарот бил наменет за балкански нарко-картел, а дестинацијата на бродот била Бугарија.

Според информациите од експертите за борба со трговија со наркотици, кокаинот за Македонија доаѓа или преку Бугарија или преку воздушен транспорт од Турција. Во случајов тоа е пратка преку Бугарија.

Кучиња трагачи успеале да откријат психотропни супстанци во пратката со крзно и кожени производи, објави колумбиската веб-страницата „Каракол“.

Полициските службеници потоа извршиле детален преглед на стоката и пронашле пластични фолии со „бела материја“, која по тестирањето била позитивна на кокаин, а пратката била тешка еден тон.

Прелиминарната истрага утврдила дека кокаинот бил наменет за европски картел од Балканот, со цел понатаму да се дистрибуира на Запад, во земји како Италија, Франција и Германија, каде би можел да се продаде за околу 75 милиони долари.

Европскиот картел на Балканот е Македонија, која последно веќе наликува на Колумбија по сите основи. По скопските улици и ноќни клубови, кокаинот е веќе во редова понуда и продажба како да се купува шеќер за кафе.