ПРИТВОР за Шилегов, кој го мести Шеќеринска или Николовски

Политика

Службите на Град Скопје, по промена на градоначалникот, копаат по „минатото“ на Шилегов. Буквално се проверува секој предмет во кој тој бил лично инволвиран. Но засега, наодите се чуваат далеку од Антикорупциска комисија, со намера да се настапи аргументирано пред ОЈО од страна на новата градска управа.

Во меѓувреме тензиите во СДСМ растат, а со тоа и версајските игри за министерски фотељи. Шилегов е решен да остане на функција, и тоа во министерска фотеља во Министерство за транспорт и врски, спротивно од насоките на неговата блиска соработничка Шеќеринска да се повлече заедно со неа и да ги остават „заевистите“ да изгорат во оваа нова влада. Непослушниот Шилегов и го покачил шеќерот на Рада, на истиот начин како Филипче кој од нејзин табор премина во екипата на Зоки, без „благослов“ од шефицата, дознаваме од партиски извори.

Таа одлучила да не ги чека резултатите од истрагите на Данела Арсовска, туку веднаш да дејствува, преку Антикорупциска комисија, која е под силно влијание на Шеќеринска. Затоа Антикорупциска бара кривична пријава за ланската новогодишна прослава на плоштадот Македонија, на која свој настап имаше пејачот Дино Мерлин.

Според наодите на ДКСК прекршен бил Законот за јавни набавки, а Младинскиот културен центар постапил спротивно на законот без да спроведе постапка за јавна набавка, туку бил распишан јавен оглас за организација на прославата за Нова година.

Новогодишната прослава во Скопје ги чинела граѓаните околу 240 илјади евра, од кои околу 154 илјади евра се исплатени директно од градскиот буџет.

По своите наоди Антикорупциска ќе достави кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и ќе бара да се отвори постапка за одговорност од Градот Скопје. Дали Шилегов лично ќе одговара останува да видиме како ќе тече постапката.

Антикорупционерот Горан Трпеновски на 58-та седница на Комисијата, посочи дека ова произлегло од проверката на тендерите на институциите за јавна набавка на техничка поддршка, по сопствена иницијатива на ДКСК.

– Со ваквата постапка МКЦ постапил спротивно на член 6 од договорот што го склучил меѓу МКЦ и Град Скопје за регулирање на правата и обврските по основ на учество за исплатата на активностите поврзани за дочекот на Новата година, за кои бил должен да спроведе постапка за јавна набавка, појасни Трпеновски.

Иако, посочи Трпеновски, МКЦ во своето образложение се повикува на исклучоците од Законот за јавни набавки, сепак исклучокот не се однесува за набавка на техничка опрема и за ова требало да се спроведе постапка за јавна набавка.

Други извори од СДСМ демантираат дека зад пријавата стои Шеќеринска, туку дека тоа е вицепремиерот Николовски, кој се обидува на таа финкција министер за транспорт и врски да го задржи својот кумашин Бочварски, а Петре Шилегов малку да одмори од напорни функции со оглед дека тој изгуби избори, а не Бочварски.

Според Трпеновски, ДКСК постапувава по анонимна пријава, за тоа дека една иста фирма во последните десет години добила 41 тендер од државни институции за техничка поддршка на Младински културен центар, Национална опера и балет, Макфест, Универзална сала, Македонска филхармонија, Охридско лето и други институции.

Кој го потпишал катил ферманот за Шилегов? Шеќеринска или Николовски? Во раководството на СДСМ се обложуваат дека тоа е кобрата Рада, злобното човече од која плаче цела партија. Дел нејзини послушници не се согласуваат. Како и да е, Петре е тој кој ќе одговара, а не овие други двајца.