Владеачката СДСМ го соопшти ВИНОВНИКОТ!

Македонија

Иако ЖИВОТ ЗА СИТЕ беше ветување дадено од претходниот лидер на СДСМ, тие сепак како виновник за моменталната ситуација во државата го посочуваат лидерот на опозицијата. Ќе растеа платите, ќе немаше невработени, судството ќе беше независно, а администрацијата департизирана! Од прилика вака требаше да изгледаат работите од денешна перспектива. И покрај се, продолжуваат вината да ја бараат кај опозицијата.

Единствен кој е одлепен од реалноста е Христијан Мицкоски и тоа денеска индиректно му го порача и неговата ВМРО-ДПМНЕ, велат од владејачката СДСМ.

Мицкоски, додаваат од таму, беше тој што ја лaжеше и плашеше јавноста дека струјата ќе поскапи помеѓу 30 и 40 отсто, Мицкоски според нив, беше тој кој ширеше паника дека парното ќе поскапи за две и пол до три пати.

„Во реалноста, зголемувањата на цените се три до четири пати пониски од лагите на Мицкоски што само покажува дека тој не разбира енергетика, дека негова единствена цел е да шири паника и да профитира од секоја можна прилика. Во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и нивните погубни политики, цената на струјата се покачи за 100 отсто“, е наведено во партиското соопштение од СДСМ.

Според нив, енергетската криза е глобална, што покажува, како што појаснуваат и фактот дека една Турција цената на струјата за домаќинства ја покачи за 50 отсто, додека онаа за компаниите порасна и за над 100 отсто, но тоа не ги спречува ВМРО-ДПМНЕ очајнички да се обидуваат да профитираат политички, додаваат од СДСМ.