РУСИЈА во страв, се жали од НАТО дека подготвува војна

Свет

„Северноатлантската алијанса се подготвува за голем вооружен конфликт со Русија“, им се жалеше рускиот заменик министер за одбрана Александар Фомин на брифингот пред воените аташеа и претставниците на странските амбасади акредитирани во Москва.

„Воената конструкција на блокот е целосно пренасочена кон подготовките за голем вооружен конфликт со висок интензитет со Русија“, поплачи Фомин.

„Тој нагласи дека во доктринарните документи на НАТО во последните години, на пример, во воената стратегија на НАТО за 2019 година, Руската Федерација директно без никакво двоумење е претставена како главен извор на закани за безбедноста на коалицијата.

Во исто време, Фомин потсети дека Римската декларација се уште е на сила, а Русија не е непријател, коментирајќи во страв од можна интервенција на НАТО против Русија. Тие се повикуваат на тој договор, како гаранција дека не смеат да бидат нападнати.

Конкретно беше наведено дека Русија и Алијансата меѓусебно не се сметаат за противници. Оваа позиција беше потврдена на самитот на Советот Русија-НАТО во 2010 година во Лисабон, додаде заменик министерот за одбрана.

Русија во очај, се повикува на договори од пред десетина години, без да разбере дека светот се менува, а Русија е виновна за интервенцијата на НАТО во Украина.