
PAДEВ зaбега, нeмало вaкво лyдило кaко сeга
Радев начисто пролупа. Го свика Совет за национална безбедност на Бугарија на кој главна тема на разговорите ќе биде Македонија, како најголема безбедносна закана за таа држава. Советот ќе се одржел во првата половина на јануари следната година.
„Многу е важно да се разбере дека почитувањето на правата на македонските Бугари, креирањето услови за нивно вклучување во јавниот, политичкиот, културниот, економскиот живот на земјата е прашање од исклучителна важност и за Бугарија“, изјави Радев. Со други зборови тој бара квоти за вработување и функции за македонски Бугари, кои секако Софија ќе ги избира.
Во својата изјава Радев повторно се наврати на прекинот на говор на омраза и на создавањето на услови за поголема поврзаност помеѓу нашите две земји. Според него тоа се прашања за кои Бугарија треба да има јасна позиција.