ПУТИН моли, па се заканува со војна, НАТО му се смее

Свет

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Америка е виновна за тензиите во Европа. Москва е крајно загрижена поради фактот што американската противракетна одбрана е веќе распоредена во близина на руските граници и има целосно право на воено-технички одговор, додаде тој.

„Она што се случува сега, тензијата што постои во Европа е нивна вина“, рече Путин на состанокот на состанокот во Министерство за одбрана. Тоа би значело дека вина на НАТО е руската инвазија врз Украина или мешањето во внатрешните работи на сите земји членки на НАТО, вклучително и Македонија, дури и САД, од страна на Русија.

Тој додаде дека Русија била принудена да реагира на секој чекор, ситуацијата постојано се влошувала и деградирала, а денес повторно е во ситуација кога е принудена да носи одредени одлуки. НАТО се смее за најавата Путин да носи одлуки, кој се навикна да се однесува во стилот „плашам ти Петко децата“.

Неговата изјава дека Русија ќе преземе соодветни воено-технички чекори во случај на непријателски потези од страна на САД, наиде на општ потсмев од НАТО.

„Имаме целосно право да го сториме тоа“, рече Путин, додавајќи дека Русија не бара никакви ексклузивни услови, туку само еднаква и неделива безбедност во Европа, со други зборови право да се меша во нашите внатрешни работи и нашите животи.

„Доколку војските и инфраструктурата на НАТО продолжат да се движат и ако се појават на територијата на Украина, времето потребно за ракетите да стигнат до целта во Москва ќе се намали на 7-10 минути, а хиперсоничното оружје на пет минути“, предупреди рускиот претседател, а тој не знае дека веќе НАТО е длабоко во внатрешноста на Украина.

Путин моли да се разгледа барањето на Русија за безбедносни гаранции од НАТО и од САД, при што рече дека е неопходно да има некои правни, а не само усни гаранции.

„Ја знаеме цената на таквите усни уверувања, зборови и ветувања, ве молам за писмено договарање“, рече тој.

„Потребни ни се долгорочни правно обврзувачки гаранции, бидејќи се плашиме да веруваме на САД кои лесно се повлекуваат од меѓународните договори кои за нив стануваат неинтересни поради една или друга причина“, рече рускиот претседател.

Рускиот претседател предупреди и на можноста западните партнери да ги „закопаат“ сите тие напори и предлози, а паузата да ја искористат за да го направат што сакаат, односно да го постават стратегиското вооружување на границите на Русија, со што таа е веќе неутрализирана. Следен чекор ќе биде потиснување на руското влијание во Европа.

„Сите треба да разберат, јасно ни е, таков развој на настаните нема да не задоволи“, посочи Путин и повторно моли за одговор од НАТО, а во исто време се заканува со војна, на што сите се смеат.