ЗАГРИЖУВАЧКА ВЕСТ доцна вечерва!

Македонија

Микробиологот д-р Никола Пановски смета дека омикрон најверјатно е веќе влезен во земјава.

-Сепак не треба да се ризикува, за да не дојде до експлозија во болниците и поставување на модуларни болници.

Треба да се превземат мерки. На  пример Грција од вчера воведе задолжителни ПЦР тестови за сите граѓани кои влегуваат. Прва мерка да ни биде наменета за границите и аеродромите и тоа да важи 15 дена за почеток, а после тоа да се анализира. Нема бегање од сојот, ако велат дека се шири со таа брзина, вели Пановски и додава дека Комисијата за заразни болести продолжува со нелогични мерки.

Според Пановски по седум дена корона вирусот го нема во телото на човекот.

 

– Во градите е може, но во носот го нема. ПЦР после 7 дена не треба да се прави. Нереални се овие 300 новозаразени на ден.Што се однесува до учениците, доцна е за онлајн настава, но не е доцна да се пуштат  порано на распуст, поточно од следниот понеделник.

Новиот сој омикрон, се шири побрзо од делта соевите и предизвикува инфекции кај луѓе кои веќе се вакцинирани или оздравеле од ковид-19, предупреди генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адана Гебрејезус.

– Сега има докази дека омикрон-сојот се шири многу побрзо од делта-сојот – рече тој на прес-конференција во новото седиште на СЗО во Женева.

 

 

Првиот човек на СЗО нагласи дека овој нов сој на коронавирус може да ги зарази и оние кои биле вакцинирани и оние кои имале инфекција со коронавирус.