EKCKЛУЗИВНO: Зaeв заминyва oд Влaда нa дeн cо cимбoлика
Премиерот Заев ќе се повлече од функцијата на 23 декември (четврток), симболично поради 27ми април т.н. „Kpвавиoт чeтвpток“, ден кој се смета за клучен за доаѓање на Заев на власт. Тоа е само еден ден по годишното обраќање на шефот на државата Стево Пендаровски во Собранието.
MKДенес има прецизна информација дека тоа нема да биде истиот ден од обраќањето на Пендаровски, туку симболично ден потоа во четврток. Намерата на премиерот била да се повлече пред крајот на годината, со цел да почнат да течат роковите за нова влада, и тој процес да заврши до средината на јануари.
Засега нема официјална потврда на овие наводи, но сосема е извесно дека крајот на оваа и почетокот на идната година ќе биде политички интензивен – од една страна е барањето за предвремени избори од страна на опозицијата, а од друга – намерата на актуелното мнозинство да формира стабилна влада која ќе ги води процесите до крајот на мандатот.
Она што не може целосно да се предвиди, е како на актуелната состојба ќе се одрази бугарското вето, кое функционира како систем на сврзани садови со внатрешните состојби во земјава. Неотстапувањето на официјална Софија oд досегашните позиции, веќе го отвори прашањето за одржливоста на владиното мнозинство, со оглед дека една од причините за привлекување на новиот владин партнер – Алтернатива, беше важноста на моментот, односно шансите за можен почеток на преговори со EУ.