
Закочување на реформите во образованието – поднесена иницијатива за референдум
Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ денеска до Собранието по втор пат поднесе предлог за покренување иницијатива за распишување на референдум.
На референдумот би се одлучувало дали нацрт-законот за учебници треба да се имплементира.
Од СДСМ велат дека новиот нацрт-закон за учебници е целосно во согласност со европските практики. Се истакнува дека во време на ИТ технологија, во која живеат младите, ќе се воведува етапна дигитализација на наставниот процес.
Со тоа, ќе се обезбеди поголема интерактивност, намалување на учењето во домашни услови, а воедно ќе се воведе и инклузивност. Нацрт-законот предвидува учебниците да бидат достапни и во аудио формат, но и на Брајово писмо за учениците со оштетен вид.
Од Граѓанската иницијатива имаат во план да покренат собирање на 10.000 потписи на ниво на цела република, исто во ДИК.
Доколку се соберат потребните 10.000 потписи, предлог-законот треба да се најде на референдумско изјаснување.
Во меѓувреме, најавено е дека денеска во околу 20-тина градови ќе се одржат протести. На листата се Гостивар, Тетово, Охрид, Струмица, Гевгелија и други, на плоштадите и пред општините.
Марш е најавен и во Скопје кој ќе започне во 18 часот од пред Министерството за образование и наука, а ќе заврши во паркот „Жена борец“.