
СКАНДАЛ: Ердоган продава православни Цркви за да наполни Буџет
Во Турција се продаваат две христијански цркви од страна на претседателот Ердоган, пишува австрискиот весник „Кронен цајтунг“. Најдобро е пропаднатиот Ердоган пред заминување да ја продаде Катедралната Св. Софија и да ја врати како Црква, за да смири несреќата која го зафати од моментот кога после повеќе од 100 години повторно таа Црква ја претвори во џамија.
Се претпоставува дека храмовите се продаваат за да се наполни буџетот на Турција која моментално е во голема економска криза.
Храмовите на Грчката православна црква во Бурса и на Сириската православна црква во Мардин се продаваат за 441.000, односно 507.500 евра.
Секретарот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија Игор Јакимчук најави дека Руската православна црква не може да одобри таков однос кон храмовите никаде во светот. Се очекуваат реакции од грчката Архиепископија и Вселенската Патријаршија. Добро е да има реакции и од МПЦ – ОА, во знак на поддршка на православните заедници во Турција.