
ВОСТАНИЕ против Вучиќ, дали ќе успее Србија (видео)
После иницијативата на „Тргни-промени“ и движењата собрани околу Еколошкото востание и нивните масовни протести и блокади на патишта и мостови на десетина локации во Белград и во повеќе од 50 градови во Србија, неизвесно е дали истите ќе се повторат многу помасовно.
Саво Манојловиќ од организацијата „Тргни-промени“ најави дека на протестите во Белград граѓаните исклучиво пешки ќе го блокираат сообраќајот, и нема да се користат автомобилите како во останатиот дел од државата. Тој е сигурен дека јавноста е пробудена и Вучиќ нема да ги замолчи!
-Централното место за блокадите беше мостот Газела, како на предходните протести. Заземањето беше раштркано и преку Мостарскиот јазол и над Новобелградската страна. А точките за блокада беа Панчевскиот мост, Теразије, Славија, Бранковиот мост“, објави Манојловиќ на мрежата Твитер.
Најавената блокада на Србија во Белград ќе се реализира и во иднина. Блокади ќе има и во Нови Сад, Ниш, Крагуевац, Зрењанин, Јагодина, Нови Пазар или во околу 50 градови во Србија. Блокада ќе се организираат и во Шабац, каде пред две недели се случи инцидент на протест кога багер тргна кон граѓаните кои го блокираа сообраќајот.
Протестите се организираат со барање за ослободување на сите уапсени во претходните протести, повлекување на Законот за експропријација и измени на Законот за референдум и народната иницијатива.
За оваа сабота е најавена сообраќајна блокада која ќе трае повеќе од еден час, а министерот за полиција Александар Вулин и дал дозвола на полицијата да „употреби сила“, додека челниците на протестите порачаа дека нема да отстапат од јасните барања.