ВАЖНО: ГРУЕВСКИ со порака до Протугер и кумот, пропеаните во суд

Македонија

Вчера се случи голем скандал, кој открива нова димензија со т.н. бомби на Заев или прислушувани разговори. Очигледно е дека тие не ги има само Заев и компанија, туку ги има и Груевски и компанија.

Во знак на одмазда поради сведочењето на Мартин Протугер во суд, во кое се потврдуваат сомнежите за криминал на поранешниот премиер Никола Груевски, купувајќи земјиште на лично име со партиски пари, а кон тоа сведочење одамна е веќе вклучен кумот Ристо Навачевски, Груевски објави „бомба“ на youtube со која ги компромитира Мартин и Ленче, сестрата на Ристо и негова лична секретарка, на лична основа.

Со таа снимка, во знак на лична одмазда, Груевски нарушува спокој во две семејства, што зборува за сериозните психички заболувања кои ги има Груевски цело време, а упорно ги сокрива. Таков монструм кој се обидува да ги уништи семејствата на двајцата најблики пријатели, само и само да се спаси од одговорност за криминал кој тој го организирал, до сега не е забележано во светска историја, освен кај разни диктатори психопати.