CKAHДАЛ: Peменcки вo вojна cо Миjaлкoв, oбjaви дoкази oд УJП

Хроника

УJП ШТИТИ CKРЕНОТО COПСТВЕНИШТВО НA ИМOТ НA ПOPAНЕШНИОТ ДИPEКТОР НA УБK?

По вчерашната објава дека, АНТИКОРУПЦИСКА СЕ ПЛАШИ ДА ОДЛУЧИ ЗА СКРИЕНОТО СОПСТВЕНИШТВО НА ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР НА УБК во која беше посочено дека две години Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) се плаши да донесе одлука за фактите до кои имаат дојдено до сега, обелоденувам и други факти во прилог на реалната состојба со предметот.

По поднесената пријава во врска со скриеното сопствеништво на последниот директор на УБК Горан Николовски на 04.11.2019 година и одржавниот работен состанок во членовите на ДКCК во просториите на антикорупциска на оваа тема на 04.03.2020 година, уследи потврдата што ДКСК ја даде на состанокот. Тие потврдија дека, Горан Николовски во анкетните листови по и пред завршување на именуваната функција како адреса на „престојувалиште“ ја навел адресата на која според катастарска евиденција се наоѓа куќа во сопственот на адвокатот Антонио Апостолски. До денот на оваа објава состојбата и сопственоста е непроменета.

Во обид да се релативизира сериозноста на оваа длабоко корупциска врска со сериозни елементи за судир на интереси и прикривање на докази за сторени кривични дела, одредени медиуми само го потврдија фактот дека, Ексдиректорот на УБК пред Ременски пријавил во ДКСК дека живее во куќа на адвокат на Камчев

За случајот со поранешниот директор на УБК, претседателката на ДКСК посочи дека, Николовски во анкетниот лист што го доставил до ДКСК ја навел како живеалиште адресата што денеска ја спомна Ременски. Исто така, вели дека Николовски доставил анкетен лист за имотната состојба и при именувањето и при разрешувањето од функцијата директор на УБК, која му престана по сила на закон.

Она што не беше кажано од страна на ДКСК по овој состанок е фактот утврден и од нивна страна дека, не е наведен основот по која Горан Николовски живее на имотот кој се наоѓа на посочената адреса, односно тој имот воопшто не е наведен во анкетните листови. 

За да немало дилеми ниту за ДКСК, ниту за пријавителите беше заборавено да се каже дека, тој можел да избере помеѓу опциите наведени во анкетниот лист за основот по кој го поседува или живее на имот што го наведува – договор за закуп, договор за купопродажба, договор за наследство, договор за подарок, одобрение за градење итн. Но овие правила важат само за пријавен, но и за непријавен имот !

Фактите говорат дека, имотот на кој живеел за време и по извршувањето на функцијата Директор на УБК ниту е пријавен, ниту е даден основот за „престој/живеалиште“ – доволено за истражување на скриено сопствеништво.

СКРИЕНО СОПСТВЕНИШТВО ПОД ЗАШТИТА НА УЈП?

Доказ за тоа дека, ДКСК го истражувала правниот основ по кој поранешниот избран владин функционер живее на имот на адвокат Антонио Апостолски, зборува податокот што ДКСК со Допис бр. 08-2481/1 од 17.07.2010 година од Управата за јавни приходи побарала да достави Обрасци ПДД-ГДП за лицето Антонио Апостолски.

Управата за јавни приходи со Допис бр. 19-4295/4 од 12.08.2020 година до ДКСК доставила Обрасци ПДД-ГДП за лицето за последните 5 години.

ДКСК по извршениот увид во доставената документација констатирала дека лицето Антонио Апостолски во периодот 2015-2019 година пријавило приходи од имот и имотни права и со Допис бр.08-2481/1 од 18.08.2020 година, побарала да бидат доставени сите Договори за закуп на недвижности на лицето Антонио Апостолски до ДКСК за неведениот период (2015-2019). Барањето носи дознака ИТНО !!!

Од ДКСК информираат дека повеќе од една година од немаат никаков одговор (!) на доставеното барање за увид во сите Договори за закупнина на адвокатот Антонио Апастолски од кои јасно би се согледал фактот дека, Горан Николовски и Антонио Апостолски немаат склучено Договор за закупнина на недвижен имот (куќа) на кој живеел и живее додека ја извршувал функцијата директор на УБК – период во кој адвокатот Апостолски во судски постапки ги застапува претпоставените, први соработници и семејните пријатели на Николовски – Сашо Мијалков и Орце Камчев.

Сите громогласни најави за донесување на законско решение за проверка на потекло на имот што одекнаа од кабинетот на владиниот антикорупционер Љупчо Николовски и подршката што ја даде ДКСК на оваа „идеја на хартија“ се само шминка за лошиот резултат кога е во прашање постапување по конкретна пријава за скриено сопствеништво и докази кои укажуваат на многу поголеми сомневања за злоупотреби од она што може да се претпостави.

Каква е смислата и целта на оваа изјава по двегодишниот молк пред фактите ? НИКАКВА.

А, каква е врската на овој случај со аферата „Рекет“ допрва ќе читате во други продолженија.