Еретичко дувло пери пари?

Балкан, Македонија, Политика

Во Македонија дејствуваат десетици невладини организации. Тие реализираат пари од странство. Парите доаѓаат по различни основи, но највеќе како хуманитарна помош. Во таа активност предничат религиозни организации од Турција. Тие помагаат на сиромаси во Македонија. Парите ги реализираат преку локални НВО во земјава.

Најпозната по тие активности е турската Агенција за соработка и координација (ТИКА). Во Македонија работи од 2005 година, досега има реализирано над 900 проекти. Во области како што се образованието, здравството, инфраструктурата и заштитата на културното наследство.

ТИКА ги продолжува своите напори за да се овозможи секое дете да се стекне со подеднакво образование. ТИКА до денес обнови вкупно 38 основни, средни училишта и универзитети, од кои 24 се реновирани, а 14 изградени. Училиштата во кои се одвива настава за околу 15 илјади ученици.

Но што се случува со локалните организации од Македонија. Нивна главна активност е да ги реализираат парите кои ги добиваат од Турција. Или од земји од Блиски Исток. Тие се наменети пред се за сиромашните муслимани во земјава. Познато е дека Исламот е солидарен кон своите верници. Но дали парите испратени за верниците стигнуваат до нив? Дали со тие пари некој ги полни приватните чебови? МКДенес направи сопствено истражување.

Анализите говорат дека слеани се преку 150 милиони евра за само неколку години во Македонија, Косово и Србија. Најголем процент од нив се за Македонија. Но каде завршија овие пари. Кои невладини организаци и активисти ги користат за сопствени потреби.

Една од нив е Организацијата Здружение за жени ЕДУ НИСА. Таа е на познатата активиска за терористички права, госпоѓица Мерсиха Смајловиќ. Таа е најактивна во реализација на тие пари. Таа организација дури учествувала во помагање на активности во Газа и Сомалија. Таму дејствуваат две терористички групи Хамас и БокоХарам. Тие се двете најозогласени терористи во светот. Таа организација според информации од јавен каратктер од УЈП Скопје, е корисник на пари кои доаѓаат за помош на сиромашните верници муслимани. Но колку од тие пари стигнуваат кај нив, а колку остануваат во чебот на госпоѓата Мерсиха Смајловиќ? 

Според информациите од Анадол Агенцијата за вести од Турција, оваа организација е корисник на такви пари. Но не се прецизира точната бројка. Ако се знае дека во Македонија се слеани преку 100 милиони евра за таа намена. Нејасно е каде ги реализрала парите госпоѓицата Мерсиха Смајловиќ?

Нашите информации од МВР кажуваат за веќе отворена истрага за ова лице и низа останати, кои работат на ист или сличен начин. Станува збор за НВО активисти, кои перат пари од Блиски исток. Често тие пари завршуваат во терористички цели низ Европа.

Во Косово ситуацијата е поалармантна.

Башким Зеќири кој работел во Косовската полиција и бил заменик-директор за финансиско разузнавање на Косово и директор за правно усогласување во банкарскиот сектор во Косово има објавено анализа на оваа тема. Важи за одличен познавач на финансискиот криминал и е познат како експерт за прашањата поврзани со финансирање на тероризмот. Тој ја анализира состојбата на финансирањето на тероризмот во Косово и ги поставува клучните прашања кои ги смета за пропусти во системот. Благодарение на кои се регрутираат многу терористи од регионот и Косово за борби на Блискиот Исток.

„Извештајот на американскиот Стејт департмент објавен минатата година, посочи дека косовската влада и нејзините институции треба сериозно да пристапат кон проблемот на финансирање на тероризмот. Укажано е дека не се знае изворот на финансирање на неколку невладини организации, како и тоа дека Косово не се занимава со тоа“ вели Зеќири.

Состојбата е слична и во Македонија. Честите акции на службите на САД на Балканот, особено во Македонија и Косово, покажуваа за сериозноста на ситуацијата. Овие организации се под набљудување на меѓународни безбедносни служби за борба со тероризам.

МКДенес истражува на темата финансирање на радикален верски тероризам, зашто ќе ја поканиме госпоѓицата Мерсиха Смаловиќ да даде посебно инстерву на оваа тема.