
Колку болни дечиња ќе се излекуваа со овие пари?
Владата на СДСМ ќе се поднови со 45 нови автомобили. Во нив ќе се возат владините министри и советници. Тендерот за набавка ќе биде распишан наредните денови кога ќе се знае и видот на возилата.
„Набавката на возилата е за потребите на Владата односно нив ќе ги користат министрите и владините функционери“ – вели Душко Арсовски – Портпарол на Влада.
Според дел од експертите ова е класичен пример за нерационално трошење на парите на граѓаните и тоа во услови на економска криза. Не постои економска оправданост на секои три години Владата да менува возила.
Колку болни дечиња ќе се излекуваа со овие пари фрлени на луксузи на Владата на СДСМ? Тоа е клучното прашање кое го поставуваат граѓаните на Македонија!
„Произлегува дека за овие возила во изминатите 9 години ние како држава сме потрошиле вкупно 4,6 милиони евра. Сега сме на пат да се подготвува нов тендер. Ние како организација со години укажуваме дека ова е нерационално трошење на парите на граѓаните. Дека е потребно да се напушти овој начин на менување возила на секои три години. Дека плаќањето на користењето да биде по цени кои се еднакви како да се купени. Едноставно ќе заклучам не постои економска оправданост за овој тендер.“ – вели Сабина Факиќ – Центар за граѓански комуникации.
На ваков начин Владата и во 2018та година склучи договор за 45 возила исто така на 36 месеци. За 9 години ова е четврт тендер за службени возила за потребите на функционерите, а втор на оваа Влада.
Податоците на Центарот за граѓански комуникации покажуваат и дека за разлика од 2012та кога биле набавени 23 возила од висока класа. Од 2018-та овој број е зголемен на дури 45 возила.
Дали им доликува ова на политичари? Особено кои додека беа во опозиција го поставуваа истото прашање. Колку болни дечиња ќе се излекуваат со овие пари, фрлени на луксузи на власта.