EKCKЛУЗИВЕН ДOKУMEHТ oд Цapинa, Бoчвapcки излaжа зa лицeнцaта нa автoбycoт

Македонија

После завршување на тридневната жалост после стравичната несреќа во која животот го изгубија 44 македонски државјани во Бугарија, МКДенес ќе објавува ексклузивни информации поврзани со обидот на власта да релативизира одговорност и да прикрие факти за тој настан.

После скандалозните вести за лажните информации за бројот на патници во автобусот, бројот на преживеани и загинати, ситуацијата се влошува со информациите кои доаѓаат од вработени во Царинската управа на Македонија. Според нив, Владата се обидува да ја сокрие одговорноста од високите функционири, како министерот за транспорт и директорот на Инспекторатот за транспорт, а вината да ја префрли на обични службеници.

Власта во неможност да се спротистават на коалицискиот партнер ДУИ, решена е вистинската одговорност да ја дислоцира на место каде најмалку боли, а тоа се службеници, од кои не зависи работата на транспортните компании и кои не можеле ништо да преземат. Сега се отвора прашањето дали и зошто министерот за транспорт Бочварски ја излажа нацијата за лиценцата на автобусот од Беса Транс, дали тој имал лиценца, дали таа била фалсификат и колку години и колку пати со таква лиценца тој автобус ја напуштил и се вратил во Македонија.

МКДенес објавува ексклузивен документ од кого се гледа дека министерот Бочварски се обидува да ја покрие соптвената одговорност и одговорноста на Инспекторатот за транспорт, кој е под негов ресор, а вистината е сосема поинаква.

Од изводот од електронскиот систем во Царинската Управа на Македонија јасно и недвосмислено се гледа дека автобусот на смртта со регистерски таблици SK0284BA редовно ја напуштал земјава и тоа најмалку 57 пати, најчесто на релација Скопје – Истанбул и Скопје – Драч и поседувал ЛИЦЕНЦА бр. 22679 / 007017.

Од кои причини министерот Бочварски не ја кажува вистината? Дали е тоа обид за сокривање и покривање на одговорност од вистински одговорните? Дали лиценцата била лажна и прикажувана на царинбските службеници или таа е реална, а во Министерството за транспорт и врски не е системски евидентирана, со што се покажува тоталниот колапс на системот во земјава?

Царинските службеници кои брифираат за овој настан, известуваат дека автобусот на последното излегување од земјава не бил евидентиран од причина што царинскиот електронски систем бил колабиран, не можело да се работи со него и да се евидентира. Тоа често се случувало, особено кога треба да поминат „незабележени возила“ по нарачка од шефовите од Скопје. Едноставно системот се спуштал на одредено време, додека помине „стоката“, а потоа се покренува и продолжувал да работи како ништо да не се случило.

Според тие извори, денот кога автобусот ја напуштил Македонија, токму тоа се случило. Имало потреба да биде „спуштен царинскиот електорнски систем“ за некоја пратка – композиција возила да не бидат евидентирани, а во исто време царинските службеници не можеле да ги евидентираат ниту автобусите на Беса Транс. Поради големата гужва и нетрпеливост, тие биле пропуштени без евиденција во електронски ситем, зашто тој подолго не бил активен токму во тие часови.

Зошто министерот и Владата не ја кажуваат вистината за лиценците на Беса Транс? Дали се во договор со оваа компанија, времено да и се одземе лиценца за работа, а за краток период на истата компанија под друго име да и се додели нова лиценца со истите автобуси?

МКДенес ќе продолжи да објавува документи со кои ќе се открие целиот криминал во сектор транспорт и царина.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Забрането е неовластено преземање на оваа содржина од други медиуми и лица, без согласност на МКДенес. Во случај истото да е сторено, ќе се преземат мерки согласно Закон.