ДЕТАЛИ од трагедијата во Бугарија со изгорените Македонци

Хроника

Автобус од најверојатно Беса Транс од Македонија со македонски државјани патувајќи од Истанбул кон Скопје изгоре на автопатот Тракија во Бугарија. Изгореа 46 лица од кои 12 деца, а спасени се 7 луѓе кои се во бугарска клиника и се надвор од животна опасност.

На лице место се македонскиот и бугарскиот премиер Заев и Јанев, МНР Османи и Венко Филипче.

Луѓето живи изгореле внатре во автобусот, кои биле спречени истиот навреме да го напуштат од за сега непознати причини.

Огромна трагедија ја потресе Македонија. Бугарските власти соопштуваат дека не ги знаат причините за несреќата, нема друг учесник, а Националната агенција за истраги веќе започна со вештачење.