ДИMOBCKИ: Пpeгoвоpите cо Бyгapија вo paмки на Peзoлyциjaта

Изјави

Поранешниот пратеник од ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски денес се огласи на социјалните мрежи со сугестија за обидот на власта да ги продолжи преговорите со Бугарија. Особено по завршување на изборите во двете земји.

Димовски се повикува на Резолуцијата од македонското Собрание донесена пред неколку месеци, како рамка во која може да се движат преговорите со Бугарија.

„За решавање на прашањето со Бугарија, Собранието на Република Македонија (како највисок државен орган) има изградено јасна позиција преку донесената Резолуција ова лето.“ – истакна Димовски.

За таа Резолуција гласаа сите парламентарни политички партии. Решението на проблемот со Бугарија, според Устав и закони, мора да се бара во рамките на Резолуцијата. Ако намерата е таква, тогаш сите партии се еднакво проевропски, смета поранешниот пратеник.

Ако намерата е да се прекрши таа Резолуција од некакво киднапирано и пазарџиско ново мнозинство, тогаш тие партии се поставени спротивно на уставниот поредок на Република Македонија. Европските вредности значат почитување на владеење на право, а не на пазар и киднапирање на пратеници, е наведено на фан страната на Димовски.

Решението на проблемот со Бугарија е невозможен во рамки на двете Резолуции од двете соседни држави, особено отежнато после скандалот со македонскиот преговарач, за кого се тврди дека примил награда со цел да дојдеме до решение кои ќе ги задоволи бугарските аспирации кон Македонија.