
HAПAТЕНO добpo утpo oд aматepкатa cо жpтвитe нa Бpaнкo
Напатени души
пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт
Дилемата е разрешена. Зоки и Бучко ти биле сродни души. И двајцата напатени од Бранко. Ете зошто Бучко да ти бил најкомпетентен за преговарач со источниот сосед. И тој бил жртва на “големиот” Бранко кога се обидел да слави заеднички Илинден со соседите.
Зоки знаејќи го тоа сепак одлучи да си ја проба среќата. Мислејќи дека е лидер на CДCM се опушти и се дрзна да крои политики кои не се аминувани од “големиот” и заврши исто како Бучко. Кој е лидерот на CДCM?
Често Зоки знае да спомне дека Мицкоски е “марионета” на Груевски, но очигледно е дека и самиот тој има проблем со лидерството. Единствено добро од владеењето на Зоки виде само Мицкоски.
Му ја зацврсти лидерската позицијата и му овозможи победа без многу труд. Ако Зоки претходните избори ги доби заради реформите во опозицијата, овие ги изгуби од „реформаторите“ во својата партија.