
MK медиуми со лажни вести за CAД
Неколку македонски медиуми, од листата на поддржани компании од „странските руски инвестиции“ упорно шират лажни вести во македонската јавност, со цел нарушување на поддршката на граѓаните на НATО и EУ. Таква вест е информацијата за наводно излагање на поранешниот американски претседател Дoнaлд Тpaмп кој наводно смета дека CAД се принудени да преговараат за испорака на нафта со OПЕK и Pycија поради губење на енергетската независност на CAД.
„Во времето кога ја напуштив функцијата, имавме повеќе енергија, повеќе нафта и гас отколку Саудиска Арабија или Русија. И сега бараме помош од нив“, посочил Трамп.
Обидот за претставување на САД како слаба економија и технолошки заостаната е со цел да се сруши надежта на нашите граѓани во поддршката од нашиот стратешки партнер САД и да се приклонат кон традиционалните непријатели на македонската државност како Русија.
Веста се надоврзува на лажна претстава за наводно одбивање на портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, да ја коментира можноста за воведување забрана за извоз на сурова нафта со цел да се намалат цените на енергијата во САД. Преговорите помеѓу САД и претставниците на земјите од ОПЕК се редовна пракса во последниве 100 години, а руските платеници во Македонија тоа го претставуваат како зависност на САД од арапската нафта. Истото го прават со мерките на американската влада за следење на нејзиниот домашен пазар со цел да се спротивстават на сите незаконски дејствија.
Секако не е пропуштена ниту информацијата за политиката на американската администрација да ја разгледа можноста за ограничување на извозот на природен течен гас со цел да се спречи недостаток и скокови на цените што се забележани во некои региони на Европа и да и се даде поддршка на ЕУ. Тоа секако го прават по нарачка на финансиерите од „руската енергетска компанија“ присутна во Македонија, на која американската политика за снабдување на енергетски ресурси на Европа е дирекна закана за руските интереси и пазар на нејзини ресурси, а Европа ја прават енергетски независна од Русија. Тоа е причина за кампањата со лажни вести низ цела источна Европа, па и во Македонија.
Упорно се користи името на Трамп и негови изјави како алиби за создавање на лажни вести во многу наврати, особено изјави од внатрешно политички карактер во САД против постапките на администрацијата на Бајден за тоа дека наскоро ќе доведат до тоа САД да станат зависни од снабдувањето со енергија од други земји.