СПАСЕН СИЛЈАНОСКИ СО ЖЕСТОКА РЕАКЦИЈА ДО АЛИ АХМЕТИ: „Македонија не е ничиј етнички плен“

Дали Знаете, Македонија, Политика

Македонскиот пејач Спасен Силјаноски упати остра реакција до лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по неговите изјави во Брвеница дека Македонија е татковина на автохтоните Албанци и дека тие се државотворен народ. Во објава на Фејсбук, Силјаноски го обвини Ахмети дека зад пораките за соживот и европски вредности промовира етнички национализам и територијални претензии. „До кога Македонците ќе бидат слепи и ќе молчат пред реалноста која нè очекува?“, напиша пејачот.

Тој постави прашање дали зад ваквата реторика се крие идеја за територијална поделба на државата и побара Ахмети јавно да се произнесе за своите политички ставови. Силјаноски упати критики и до македонските политички партии, обвинувајќи ги дека молчат за ваквите изјави. Тој побара политичка одговорност и институционална проценка дали со нив се прекршуваат законите. „Македонија не е ничиј етнички плен!“, порача Силјаноски.