ОБЛАЦИ, НО И МАЛКУ СОНЦЕ: ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ДЕНЕС

Времето денес, Дали Знаете, Македонија

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во текот на денот ќе дува слаб до умерен северен ветер, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе се движат од 4 до 15 степени Целзиусови, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 18 до 27 степени.

Според прогнозата, иако денот ќе започне со повеќе облачност, во текот на денот се очекуваат периоди со сончево време, па времето ќе биде променливо и пријатно во поголем дел од земјата.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурите ќе бидат во рамките на очекуваните за овој период од годината.