Перо Антиќ добил силна шлаканица во полициска станица во Скопје (ВИДЕО)
Поранешниот македонски кошаркар Перо Антиќ, во гостување во српскиот подкаст „Јао Миле“ раскажа интересни детали од својот живот, меѓу кои и случка од тинејџерските години во Скопје.
Антиќ се присети дека кога имал само 16 години завршил во полициска станица во Скопје, каде што, според неговото сведоштво, добил шлаканица која долго ја паметел.
„Имав 16 години. Добив една шлаканица што ја чувствував два дена“, раскажа Антиќ, присетувајќи се на случката од младоста.
Познат по тоа што отворено зборува за различни периоди од својот живот и кариера, Антиќ во разговорот се осврна и на многу подоцнежна случка – неговото апсење во Њујорк.
Македонскиот кошаркар своевремено се најде во центарот на вниманието во САД по инцидент во Њујорк, во периодот кога настапуваше во НБА-лигата.
Во гостувањето во „Јао Миле“, Антиќ зборува за овие искуства од различни периоди од животот – од тинејџерските години во Скопје до времето поминато во САД и настапите на најголемата кошаркарска сцена.
