УХМР најавува обилни врнежи – ЕВЕ КОГА

Времето денес, Дали Знаете, Македонија

Денеска во Македонија утрото ќе биде ведро и постудено време, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.

Минималните температури ќе бидат во интервал од 5 до 12, додека максималните ќе се движат од 15 до 24 степени Целзиусови. Во Скопје, сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Во четврток ќе преовладува стабилно време со свежи утра. Во петок се очекуваат врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури.