Власта со убава вест: Овие граѓани да си ги проверат сметките – конечно извршена е исплата

Дали Знаете, ЕКОНОМИЈА / ФИНАНСИИ, Македонија

Исплатени над 217 милиони денари на 10.754 производители на градинарски култури

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска изврши исплата на 217.241.135 денари на 10.754 производители на градинарски култури.

Средствата се исплатени согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година,

по основ на подмерката за директни плаќања по обработлива земјоделска површина наменета за производство на градинарски култури на отворено и во пластеници.