Проданоски во Штавица: Го посети храмот „Рождество на Пресвета Богородица“

Македонија

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица го посети храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во село Штавица, каде што традиционално се одбележува Мала Богородица.

Проданоски го посети и параклисот „Свети Игнатиј“, во близина на населеното место Тројаци, на патот Прилеп-Градско.

По тој повод, тој упати честитка до православните верници, посочувајќи дека Мала Богородица е празник кој носи пораки за вера, надеж, семејство и нов почеток.

„Мала Богородица е празник кој со генерации ги собира верниците во храмовите, во молитва за здравје, мир и благосостојба на семејствата. Тоа е ден кој потсетува на силата на верата и на надежта дека по долгото очекување доаѓаат убави и радосни денови“, порача Проданоски.

Градоначалникот им посака на сите православни верници празникот да го поминат во здравје, мир и радост, заедно со своите најблиски.

„Нека ни е за многу години Мала Богородица!“, порача Проданоски.