Нов случај на врсничко насилство во Ѓорче Петров

СКОПЈЕ, Хроника

15-годишно момче се здобило со тешки телесни повреди откако било нападнато од неколку лица, веројатно на слична возраст во дворот на Основното училиште „Тихомир Милошевски“ во скопската населба Волково. Инцидентот се случил во средата вчерта околу 21 часот. Во пријавата кажал и дека лично познавал едно од децата, но мотивите за нападот се се уште непознати.

Ова е само еден од неколкуте случаи на врсничко насилство кои ја брануваат јавноста. На првиот ден од оваа училишна година избодено беше 13-годишно момче во Чаир. Пролетта имаше уште еден грозоморен случај во Ѓорче Петров кога од малолетничка биле гасени цигари. Во трет инцидент во Аеродром, група малолетници малтретираа и снимаа девојче.

Зошто Македонија има проблем со врсничкото насилство? Социологот Татјана Стојаноска Иванова вели дека не е само еден фактор, туку за тоа влијаат повеќе работи.

Врсничкото насилство станува тема само кога ќе се случи. Тогаш и се бара ад-хок решение, како на пример, најавата за казни за родителите на насилните деца во висина од 250 евра. Но Стојаноска Иванова смета дека на Македонија и е неопходна Национална стратегија за превенција на врсничкото насилство, смета Стојаноска Иванова. Таа стратегија би требало да создаде меѓуинституционален систем на превенција на врсничкото насилство, за што е потребна и политичка воља, но и капацитет на институциите, нешто за што Стојаноска Иванова смета дека македонските институции го поседуваат.

Националниот извештај за врсничко насилство кој беше објавен лани покажа дека Македонија е во топ 10-те земји кадешто е регистриран најголем процент на врсничко насилство. Најчесто жртви на булинг во училиштата се момчиња на 11-годишна возраст.