Доаѓа промена на времето – УХМР утрово со најнова прогноза

Дали Знаете, Македонија

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 8 до 19 степени Целзиусови, додека максималната температура ќе достигне од 30 до 35 степени.

Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 14 степени, а максималната ќе достигне 34 степени.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и утре ќе преовладува сончево и топло време со мала локална облачност.

Промена на временската состојба се очекува од среда, кога ќе има период на нестабилно време со пороен дожд, засилен ветер и грмежи.