Коњановски на првиот училишен час со битолските првачиња
На првиот ден од новата учебна година, градоначалникот на Битола Тони Коњановски во посета на три основни училишта, односно на средба со најрадосните ученици, а тоа се првоодделенците.
Приредби за добредојде беа организирани во сите училишта. Радоста на 1 септември градоначалникот на Битола ја сподели и со првоодделенците од основните училишта „Елпида Караманди“, „Коле Канински“ и „Даме Груев“.
„Драги ученици првоодделенци, голема е радоста што ја имам приликата да Ви го честитам почетокот на вашето училишно патување. Денеска е голем ден за вас, влегувате во светот на знаењето, пријателството и новите предизвици. Во училишните клупи ќе научите да читате и пишувате, да се дружите и да ја откривате убавината на знаењето“ беше пораката на градоначалникот Коњановски, посакувајќи им успешна учебна година на сите ученици.
В петок на 4 септември во градскиот парк во Битола како и ланската година ќе се одржи настанот „Училишна приказна“, ден кога се слават првите училишни чекори, новите пријателства и големата желба за знаење.
Општина Битола и оваа година за секое прваче доделува парична помош од 3000 денари.
