Богојески: „Се откажав од сè за да не ја брукаме државата, но изгледа дека суетата на Радојка е поважна и од судската пресуда!“

Македонија, Политика

„Еве повторно стигна пресуда! Судот го повтори решението! И сега? Бруката продолжува…“

Ова денес го објави Петар Богојески, претседател на Македонски концепт, во реакција на судскиот спор со Министерството за одбрана.

Богојески тврди дека, и покрај тоа што се откажал од побарувањата за отштета, враќање на работното место, плати и придонеси, како и од можноста за постапка пред Судот во Стразбур, Министерството за одбрана поднело жалби против спогодбата.

Според него, Судот повторно го потврдил претходното решение за надомест на судските и адвокатските трошоци од страна на Министерството.

„Се откажав од сè, само и само МО и РМ да не ги брукаме. Но, продолжените раце на Радојка во МО не мируваат… Битна е суетата на Радојка! Немој да ја повредиме“, пишува Богојески.

Случајот добива нова епизода, а Богојески порачува дека политичкото малтретирање, според него, продолжува.