ТОПЛОТНИОТ БРАН ДОБИВА НА СИЛА: Цела Македонија влегува во портокалова предупредувачка фаза
Денес целата територија на Македонија ќе се наоѓа во портокалова предупредувачка фаза поради многу високите, до екстремно високите температури на воздухот кои ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени, објави метеорологот Славчо Попоски.
„Во Скопје и околината максималната температура ќе се искачи до околу 39 степени.
Времето ќе биде претежно сончево со појава на мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од јужен и од југоисточен правец. Во попладневните часови во планинските предели ќе има услови за развој на краткотрајна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Поради топлотниот бран, апелирам граѓаните доколку немаат потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) како и да пијат повеќе течности“, објави тој.
