УХМР ги измери температурите низ Македонија – Спремете се за невреме и нов топол бран

Времето денес, Македонија

УХМР ги измери температурите во осум часот низ Македонија. Според податоците од мерните станици, Претор и Берово со 18 степени се најсвежите места утрово, додека Скопје, Демир Капија и Струми најтопли со 24 степени.

Денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за локална појава на дожд и грмежи, а ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од 12 до 21 степен, додека максималната ќе достигне од 31 до 39 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а попладне во делови од котлината се можни изолирани врнежи од дожд проследени со грмежи. Утринската температура ќе изнесува околу 20 степени, а дневната ќе достигне до 38 степени.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), топлотниот бран ќе продолжи и во текот на викендот, кога дневните температури насекаде ќе бидат над 31 степен.

Од понеделник времето ќе остане претежно сончево и многу топло со мала до умерена облачност, додека во вторник се очекува дестабилизација на атмосферата со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.