Мечка е видена на Галичица кај Горно Коњско, туристите и локалните жители во паника
Националниот парк „Галичица“ соопшти дека, според сведоштва на туристи, мечка денеска била забележана во реонот над селото Горно Коњско кај Охрид, на планината Галичица.
Од надлежните ги повикуваат жителите, туристите, планинарите и сите лица кои престојуваат или работат во ова подрачје да бидат особено внимателни и да ги почитуваат препораките за безбедно движење во природа.
Воедно, се апелира до граѓаните кои се во контакт со локалното население или со лица што престојуваат во овој реон, навремено да ја споделат информацијата со цел да се избегнат несакани ситуации и да се зголеми претпазливоста.
Надлежните засега не соопштуваат дополнителни детали, но препорачуваат зголемена внимателност при движење во шумските и планинските предели над Горно Коњско.
