Општина Прилеп ги поканува граѓаните на фудбалска вечер на Камена Бина
Општина Прилеп ги поканува сите љубители на фудбалот вечерва да бидат дел од заедничкото следење на полуфиналниот натпревар помеѓу репрезентациите на Франција и Шпанија.
Натпреварот ќе се пренесува на голем екран на Камена Бина, со почеток во 21:00 часот, каде посетителите ќе имаат можност да уживаат во спортскиот спектакл во одлична атмосфера.
Од Општина Прилеп упатуваат покана до граѓаните да дојдат со своите семејства и пријатели, заедно да навиваат и да уживаат во едно од највозбудливите фудбалски соочувања.
„Голем екран, одлична атмосфера и заедничко навивање – ве очекуваме на Камена Бина да бидеме дел од полуфиналната фудбалска магија“, порачуваат од Општина Прилеп.
