Инциденти синоќа за време на фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“ – уапсени три лица
Синоќа во 19:00 часот кај арената „Тодор Проески“ во Скопје, каде се одржувал фудбалски натпревар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(26) од Скопје поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
Како што се наведува во полицискиот билтен, исто така поради сторен прекршок од законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари биле приведени и Д.Б.(24) од Агино Село, кумановско и А.П.(25) од Миладиновци, скопско.
По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
