Нова снимка од монструозниот настан во Аеродром – вознемирувачки сцени, што ни се случува?!
Кадрите се премногу вознемирувачки за да се објават, затоа испраќаме апел до МВР и до родителите!
Апел до МВР и до родителите!
Случајот со бруталното врсничко насилство што се случи во скопската населба Аеродром (види тука), кој веќе ја крена јавноста во цела Македонија на нозе, добива уште пострашни димензии.
На снимката монструозно се гледаат сите детали од тортурата врз малолетното девојче кое немо стои и не може да се одбрани, како и лицата на сите деца кои се инволвирани во овој немил настан.
На новото видео коешто пристигна во нашата редакција, јасно се слуша како насилниците брутално го распрашуваат преплашеното девојче. Тие со заканувачки тон ја прашуваат дали ќе пријави во полиција, но и дали пак во иднина ќе зборува нешто што „не требало“ да го зборува. Во текот на целото видео, една од насилничките безмилосно ја влече девојката за коса, додека толпата од останати деца буквално маршира покрај нив, снима со телефоните и гласно „навива“.
Ова уште повеќе ја потврдува суровоста и свесноста на насилниците да ја замолчат жртвата, додека околината го третира овој грозоморен чин како евтина забава за социјалните мрежи.
Казните мора да бидат најостри и без исклучок!
Полицијата веќе презема брзи мерки по допрен глас, извршен е разговор со претепаното девојче во присуство на родител, а насилниците, кои се ученици во основно училиште, се повикуваат на распит.
Сепак, новото видео е само уште еден круцијален доказ дека институциите мора да дејствуваат со сета своја строгост.
Бараме од Министерството за внатрешни работи и Обвинителството најостро да ги казнат виновниците – како директните извршители, така и оние што поттикнуваат. Ова монструозно однесување не смее да помине со едноставно укорување.
Дополнително, најавените мерки од министерката за образование Весна Јаневска за парични казни од 250 евра за родителите и засиленото полициско присуство во училиштата најавено од министерот Панче Тошковски, мора итно и доследно да се спроведат во пракса.
